3.8 C
Скопје
00:51 - 28 март, 2026

Северина за инцидентот на границата со Србија: „Во ред е момци…“

Северина Вучковиќ повторно се огласи на социјалните мрежи откако беше приведена на српската граница во неделата вечерта кога полицијата на Република Србија ја приведе поради нејзините изјави во медиумите, кои локалните власти ги сметаат за контроверзни, пренесува 24сата.хр

Пејачката сподели скринпринтови од написите на домашните и нз странските медиуми за овој случај и додаде цитат од книгата на Балашевиќ „Допир на свила“.

„Во ред е момци. Ни јас веројатно баш не би ве сакал да сум таков како вие, а да сте вие вакви како јас“, порача Северина.

Деновиве Северина добива многу пораки за поддршка од нејзините фанови од Хрватска и регионот, пренесуваат хрватските медиуми.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по инцидентот изјави дека Северина е отстранета од списокот на странци кои треба да бидат задржани на граница.

Потсетуваме, по разговорот со надлежните органи, на Северина во неделата сепак ѝ беше дозволен влез во Србија, но таа реши да се врати во Хрватска со порака дека никогаш повеќе нема да оди во Србија додека „диктаторот е на власт“, мислејќи на Александар Вучиќ.

 

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....