9.8 C
Скопје
22:42 - 17 октомври, 2026

Северина признава: Хуморот ме спасува! Грашо ми кажа дека изгледам како да сум излегла од фритеза

Севе неодамна имаше емотивен концерт во Риека, а во меѓувреме оди на сослушувања во суд. Поради се што ѝ се случува, таа откри дека нејзиниот живот може да стане материјал за претстава.

Тарик би сакал да направи претстава, но јас му реков „Мораш да направиш реалити театар“, изјави Северина (51) во интервју за ИН магазин и откри дека многу луѓе веќе сакаат да снимаат филм или театарска претстава за нејзиниот живот.

Пејачката неодамна ги воодушеви риечани со концерт во салата Младост, а најемотивниот момент на вечерта беше изведбата на „Роџено моје“. Поради сето она што ѝ се случува во приватниот живот, Севе откри кој сака сето тоа да го претвори во филм или театарска претстава.

– Тарик! Претсавата не може да биде постојано иста затоа што материјалот е посвеж и посвеж и само се случува и се случува. Можеби некоја серија, но во неколку сезони кои ќе траат до …не знам…не знам која серија има најмногу сезони. Санта Барбара! – изјави Севе за ИН Магазин.

Севе откри дека хуморот ја спасува во тешките моменти.

– Потребен е малку хумор! Хуморот не одржа, благодарение на него, дома сме многу духовити. Се пронаоѓав во разни песни тука- „Мама љубила морона“ – додаде таа во свој стил.

Севе знае да се пошегува на своја сметка.

– Грашо ми кажа дека изгледам како да сум излегла од фритеза…, сакаме одвреме-навреме да се почастиме – рече таа.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....