15.2 C
Скопје
11:36 - 13 март, 2026

Сестрата на Сорајa со молитви: „Животот ѝ виси на конец, има опасни компликации…“

Поради внатрешно крварење животот на старлетата Сораја се уште е во опасност, а нејзината сестра е во контакт со лекари од Хрватска.

Старлетата Сораја Вучелиќ доживеа несреќа во петокот вечерта на границата со Албанија, а со неа во автомобилот биле и нејзината пријателка и сестра ѝ. По страшната несреќа во исповед за српскиот портал Република сестрата на Сораја изјави дека секој ден се моли таа да преживее и пали свеќи за нејзиното здравје.

Имено, сестрата на Сораја од Црна Гора, која не сака да се експонира во јавноста, за весникот и портал Република откри дека Вучелиќ се бори за живот бидејќи има внатрешно крварење во стомакот, кое и понатаму предизвикува компликации опасни по живот.

„Таа најлошо помина затоа што возеше, ние поминавме без поголеми повреди“, објаснува таа.

Во врска со страшниот судар, понатаму објаснува.

– Не знам во каква состојба се луѓето кои беа во другите автомобили. Беше страшен судар, а сето тоа поради човек кој брзаше да не претекне. Се виде дека вози брзо, но од спротивната насока човекот пребрзо возеше. Тоа се моменти на невнимание, погрешно проценета брзина и толку. Ништо повеќе не можеше да се направи. Мислевме дека некој ќе закочи за да избегнеме, но немаше можност за тоа – вели сестрата на Сораја и додава дека старлетата сега е во приватна клиника во Хрватска, каде лекарите постојано ја следат нејзината состојба.

Во моментот на несреќата Сораја патувала за Албанија со својата пријателка и сестра на забава организирана од нејзин познаник. Планот бил да остане неколку дена, а потоа да се врати преку Хрватска, но наместо тоа, Сораја завршила во болница во Хрватска.

Слични објави

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin

„Мислев дека умирам“: Болна исповед на пејачката Александра Младеновиќ за тешкиот период

Еспресо

Хороскоп за 13 март: Раковите ги очекува нова работа, Скорпиите ќе ги откријат новите идеи на партнерот

Еспресо

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо
Се вчитува....