3.8 C
Скопје
16:59 - 21 декември, 2024

СЕСТРАТА НА ЏОНИ ДЕП сведочеше против Амбер: „БЕВ ШОКИРАНА И ЗГРОЗЕНА ОД НЕА!“

Кристи Дембровски, сестрата на Џони Деп, сведочеше против Амбер Херд.

Во Америка започна судењето на Џони Деп и Амбер Херд, за време на кое актерот ќе се обиде да докаже дека не бил насилен кон поранешната сопруга, а сето тоа поради написот на Вашингтон пост во кој актерката тврдела дека е жртва на физичко малтретирање.

Деп поднесе тужба против Амбер Херд, обвинувајќи ја за лажење, барајќи отштета од 50 милиони долари, а адвокатите уште на првиот ден од судењето открија дека таа била насилна во бракот, како и дека ширела лажни вести за да го оцрни Деп.

Првиот ден беше откриено дека Деп ја избегнувал Амбер за време на кавгите, како и дека менаџерите „секогаш му изнајмувала друга хотелска соба кога патувале некаде, за да биде што подалеку од неа и нејзиниот гнев“. Како причина ги навеле траумите од детството и лошиот однос на мајка му кон татко му, кој на ист начин ја избегнувал бесната сопруга.

Денеска сведочеше сестрата на Џони Деп, Кристи Дембровски, која со години е менаџерка на нејзиниот помал брат.

Кристи открила дека таа и Џони биле најмладите во семејството и дека цело време играле заедно, а потоа раскажала какво насилство трпеле сите од нивната мајка.

„Таа ќе го навредуваше татко ми, ќе го тепаше, а тој ќе се скриеше од неа. Таа и нас не тепаше и не навредуваше – Џони го нарекуваше едноок бидејќи како дете имаше проблем со едното око, па лекарите му го затворија здравото око за да го зајакнат другото “, рече Кристи.

Кристи откри дека и покрај малтретирањето кое го претрпеле како деца, Џони секогаш се грижел за својата мајка.

„Подоцна, кога ѝ беше лошо, тој ја пресели во Лос Анџелес, во куќа директно спроти неа и ја посетуваше неколку пати на ден. Плаќаше лекари, медицински сестри, се грижеше за се”, рекла Кристи, додавајќи дека за време на бракот на Џони со Ванеса Паради, никогаш не видела или слушнала некаква кавга.

„Беа среќни. Беа пријатели. Нивната врска беше нешто посебно“.

Потоа на ред дошла Амбер… Кристи открива дека ја запознала на снимањето на филмот „Rum diaries“ и дека била пријатна со неа.

Вистинското лице за почеток го покажала во модната куќа Диор, каде му понудиле на Џони да биде дел од рекламна кампања. Амбер тогаш имала израз на лицето како да ѝ се грози, и повторувала „Тебе да те ангажираат? Зошто? Тие имаат стил, а ти немаш“.

Кристи изјавила и дека не била сведок на тепачките кои наводно се случувале, но затоа почувствувала дека нешто не е во ред.

„Знаев дека се караат, па секој пат кога престојувавме во хотел изнајмував друга соба за Џони да има каде да се сокрие. Забележав дека се однесува исто како кога бевме деца, кога ќе избега од нашата мајка. Исто како татко ми што бегаше од неа“.

Кристи признава дека кога Џони ѝ рекол дека ќе се венча со Амбер, таа го молела да размисли за тоа. „Не сакав да брза, не беше во ред. Му реков барем да потпише предбрачен договор,  да ги заштити децата Лили Роуз и Џек, но тој не потпиша’.

На прашањето на адвокатот зошто не е потпишан предбрачниот договор, Кристи рече: „Амбер не сакаше да потпише“, пренесува мондо.рс. 

Кристи открила дека на денот кога нивната мајка починала во болница, дошла кај Џони да одат на погребот и да изберат ковчег, но тој се расправал со Амбер.

„Беше нервозен, ми кажа дека се расправаат, а јас бев бесна – ден по смртта на мајка ми? Заминав сама, а подоцна, кога се вратив кај него, тој се пакуваше за да отпатува на промоцијата на филм во Њујорк. Следниот ден Амбер поднела барање за развод. Бев шокирана од тајмингот кога го направи тоа! Потоа побара забрана за приближување – се згрозив… Немам зборови да опишам како се чувствував. Времето кога тоа го направи … Бев згрозена“.

 

Слични објави

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо

Хороскоп за 21 декември: Овните се оптоварени со љубовта

Еспресо

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо
Се вчитува....