17:10 - 2 април, 2026

Сергеј Трифуновиќ сепак протеран од Хрватска: Дали казната важи и за земјите од ЕУ

Во рок од 5 дена мора да ја напушти Хрватска.

Според хрватските медиуми, актерот Сергеј Трифуновиќ сепак бил протеран од Хрватска на три месеци.

Оваа нова санкција не важи за остатокот од Европската унија, туку само за Хрватска.

По пресудата на Судот за прекршоци во Сплит, каде што беше осуден на условна затворска казна за инцидент пред една година, српскиот актер си замина со својот адвокат, а во еден момент му пришол полицаец и се легитимирал со службена значка, што беше објавено денеска.

Полицаецот бил од Управата за имиграција и му објаснил на глумецот врачувајќи му одлука од неговата Управа, да ја напушти Хрватска во рок од пет дена и дека нема право да влезе во земјата во следните три месеци.

Тоа решение за прогонување од Хрватска стапува во сила во првата минута на 23 септември годинава. Дотогаш Трифуновиќ има време да го направи тоа што треба да го прави во Хрватска и на полноќ на преодот од недела во понеделник треба да биде надвор од Хрватска, а тоа го потврди и неговата адвокатка Иванка Шамија, пренесува Слободна Далмација.

Слични објави

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо
Се вчитува....