19.8 C
Скопје
15:40 - 12 септември, 2026

Џенифер Лопез ќе пушти бомба за „перформансот“ на Бен Афлек во спалната соба: Песна по разводот по урнек на Шакира

По разделбата со Бен Афлек, Џенифер Лопез се подготвува да објави нова песна која ќе открие многу поинаква страна од нејзината врска со Бен Афлек.

Откако претходно ја пофали нивната романса во песната „Greatest Love Story Never Told“, Лопез сега наводно е подготвена да ги сподели своите фрустрации, особено за недостатоците на Афлек, на начин како што направи Шакира кога се разведуваше од Пике.

Кога беа заедно, Џеј Ло го стави Бен на пиедестал, особено кога станува збор за нивниот живот во спалната соба“, сподели инсајдер. „Но сега, таа им кажува на луѓето дека тој не бил толку импресивен како што мислеше некогаш“.

Песната „Greatest Love Story Never Told“ беше дел од албумот на Лопез This Is Me… Now: A Love Story и беше прикажана во документарен филм за нивната обновена врска. Во песната Лопез ја опишува страсната врска што ја имала со Афлек. „Ми недостасува твоето тело / Се качуваш врз мене / Се лизгаш внатре во мене….“, беа неколку стихови кои ја слават нивната интимност. Песната допре и до подлабоки емоции, при што Лопез изрази како се чувствува како судбината да ги спои двајцата повторно во еден живот.

 „Бен беше голема движечка сила зад проектот“, објасни изворот. Сепак, по нивното разделување во април, перспективата на Лопез драстично се промени. Таа сега планира да објави песна која ќе се фокусира на нејзиното разочарување од Афлек, особено во врска со неговата „изведба“ во кревет.

„Денес таа е фрустрирана е што ги напиша сите тие романтични стихови за него“, изјави извор за In Touch.

„Сега, таа е подготвена да објави песна за раскинување што ќе го погоди онаму каде што го боли, особено во однос на неговите вештини во спалната соба“.

Слични објави

(Фото) Прв одмор со малата Тина — Александра Јанева ја покажа ќерката

Еспресо

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо
Се вчитува....