5.8 C
Скопје
02:26 - 1 април, 2026

Селма Хајек откри на што се должи нејзиниот младешки изглед: Не користам ботокс и немам филери

Освен што заработува милиони како актерка, а нејзиниот сопруг е сопственик на моден гигант кој ги вклучува Гучи, Ботега Венета, Баленсијага и слични брендови, Селма има и нов бизнис. Додека сите се прашуваат дали прекрасната Мексиканка се одлучила за ботокс, таа вели дека тајната е во нејзината природна козметика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Нејзината колекција производи за нега на кожа и коса е инспирирана од средства, кои, како што вели глумицата, ги користела нејзината баба.

„Не користам ботокс, не правам пилинг, немам филери. Но затоа го користам растителниот екстракт од мимоза тенуифлора, кој се користи во Мексико за лекување на изгореници”, објасни Хајек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Во медицинските анали е забележано дека по големата експлозија на гас во Мексико Сити, Црвениот крст го користел прашокот од кората на ова растение за лекување на изгореници на 5.000 луѓе. Селма вели дека кремите кои го имаат меѓу состојките силно делуваат на акните, ги смируваат, па дури и го намалуваат црвенилото.

Се верува дека најсилен ефект имаат танините и сапонините кои можат да се најдат во кората на оваа мимоза која расте како грмушка во Мексико и Бразил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....