21:28 - 7 ноември, 2026

Сека Алексиќ откри со какво нарушување се бори, истото го има и Дејвид Бекам

Српската фолк пејачка Сека Алексиќ откри на социјалните мрежи дека страда од опсесивно-компулсивно нарушување, а набрзо луѓе кои се борат со истиот проблем почнале да ѝ пишуваат во коментарите.

Сека ја објавила веста на социјалната мрежа Икс која предизвикала големо внимание во јавноста. Пејачката потврдила дека има опсесивно-компулсивно нарушување (ОКН), односно OCD на англиски јазик.

„Дали ви кажав дека имам OCD?!“, ги прашала Сека своите следбеници, со што покренала лавина од коментари, со оглед на тоа дека голем број луѓе се запознаени со овој проблем бидејќи и самите се борат со него.

Инаку, опсесивно-компулсивното нарушување е ментална состојба која се карактеризира со несакани, постојани мисли (опсесии) кои предизвикуваат вознемиреност (анксиозност), како и повторувачки дејства за кои личноста чувствува дека мора да ги изврши за да го ублажи тој страв.

Иако многумина имаат ритуали, кај лицата со опсесивно-компулсивно растројство, тие се присилни, исцрпувачки и личноста сфаќа дека се ирационални, но не може да ги запре без интензивен страв. Се лекува со терапија (КБТ, лекови), а раното препознавање и лекување се клучни.

Болеста почнува да се развива веќе во детството, но најчесто се јавува на возраст помеѓу 20-тата и 30-тата година од животот. Најчестите компулсивни нагони се поврзани со проверување и броење: тие постојано го проверуваат она што го прават, или бројат и пресметуваат до исцрпеност или додека не го достигнат „магичниот број пати“. Корисно е опсесивните и компулсивните нарушувања да се разгледуваат одделно.

Опсесивно-компулсивното нарушување (ОКН/OCD) е честа болест од која страдаат многу познати личности како фудбалерот Дејвид Бекам и тенисерот Рафаел Надал.

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....