15:43 - 29 јануари, 2026

Седумте јасни пораки на Шакира за Пике во новата песна: „Ти си замина, а јас добив тројно М“

Уште во јануари, Шакира ги изненади сите кога ја објави нејзината хит песна „Музичка сесија#53“ со Бизарап. Познатата пејачка се насочи кон нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике и неговата нова девојка Клара Чиа.

Оваа песна брзо стана хит и Шакира не се двоумеше да го направи истото со нејзината нова хит песна насловена „TQG“, која е направена во соработка со колумбиската колешка Карол Џи.

Ова се седумте пораки што Шакира му ги испраќа на Пике преку нејзиниот нов хит.

1. Што имавме, заборавив
Карол Џи е таа која почнува да го напаѓа нејзиниот поранешен партнер Ануел А.А., со кој раскина во март 2022 година. Кога ќе дојде редот на Шакира, таа силно започнува.

„Ме повреди тоа што те видов со новата, но веќе сум фокусирана на себе, она што го живеевме е заборавено и тоа е она што те навреди“, пее Шакира.

„А и животот ми се подобри, веќе не си добредојден овде, тоа што ми го направи девојка ти, тоа не ме ни лути, се смеам“.

2. Сакаш да се вратиш
Нападите кон Пике и Чиа Марти од страна на Шакира потсетуваат на оние што веќе ги лансираше во претходните песни. Пике и Чиа повторно се нејзини мети и тоа не го крие.

„Сега сакаш да се вратиш, можеш да кажеш, (ммм да), чекај ме таму, како да сум идиотка“, пее таа.

3. Грешките не ги повторувам
Потоа, има уште една референца на она што е веќе изразено во претходниот стих, што имплицира дека Пике навестува дека сака да ѝ се врати. Сепак, Шакира нагласува дека нема да ја „повтори истата грешка“.

4. „Потешко“
Многу од стиховите, всушност, потсетуваат на некои во нејзината песна Music Sessions #53.

„Ти си замина, а јас добив тројно М: подобра, поцврста, на повисоко ниво“, тврди таа.

5. Лајк
Иако таа го пее ова заедно со Карол Џи, една од највпечатливите фрази доаѓа кога Шакира шпекулира дека Пике ќе се обиде пак да се зближи со неа.

„А ти сакаш да се вратиш, веќе знаев кога стави лајк на моја фотографија“, пее таа.

6. Сеќавање на „Монотонија“.
Во друг стих, Шакира се осврнува на минатогодишниот хит „Монотонија“.

„Бараш храна на друго место, велејќи дека е монотонија и сега сакаш да се вратиш назад“.

7. Не се натпреварувам за мажи
Шакира не заборава да се осврне на партнерката на Пике во својата нова песна, барајќи од поранешниот централен бек на Барселона „кажи и на твојата нова девојка дека не се натпреварувам за мажи“.

 

Слични објави

(Фото) „Ќе родам син спортист“: Јована Јеремиќ се пофали како изгледа нејзиното тело по редовен тренинг и здрава исхрана

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во хотелска соба со мистериозен маж: Објава што ги запали социјалните мрежи!

Еспресо

(Фото) Тродневна потера по Наташа Беквалац: Што прави пејачката кога мисли дека никој не ја снима?

Еспресо

(Фото) Дали ги препознавате? Исплива фотографија од „Ѕвездите на Гранд“, стара речиси 20 години

Еспресо

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Еспресо

„За првпат сум целосно трезен“: Дарко Лазиќ го промени својот живот од корен

Еспресо
Се вчитува....