11.8 C
Скопје
14:20 - 30 март, 2026

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Пејачот Дарко Лазиќ вели дека ѝ препуштил на сопругата Катарина да се грижи за неговиот живот, затоа што смета дека таа тоа го прави подобро од него самиот.

Дарко, кој неодамна го однесе синот Алексеј на диво возење, отворено призна дека семејството му е најголем мотив и дека без нивната поддршка не би можел да направи ваков пресврт.

– Сопругата многу позитивно влијае на мене, води сметка за мојот живот, таа тоа најдобро го знае. Убаво се чувствувам и ми се допаѓа кога ми помага околу кариерата, но и генерално околу животните одлуки. Созреав одамна, ама признавав малку се правев луд – изјави Лазиќ и додаде дека сега редовно тренира.

– Почнав да вежбам. Многу работи променив, за тоа ќе зборувам во некој нареден период. Пред сè ми е важно здравјето на моите деца и на целото семејство, а и моето. Се враќам на стариот Дарко каков што народот го сакаше, оној вистинскиот Дарко, и ѝ благодарам на Каќа за сè што прави за мене – рече тој.

Лазиќ истакна дека одлуката да му се врати на правиот пат, како што вели, ја должи токму на семејството, кое е темел на неговиот нов почеток.

Тој се осврна и на колегите од естрадата со кои е во контакт и призна дека често ги советува, но ретко кој го слуша.

– Се дружам со сите со кои сум се дружел и никому не сум му свртел грб. Единствено што се трудам сега, а ќе продолжам и понатаму, е да ги советувам помладите колеги. Кога гледам како живеат, гледам многу мои грешки. Ги советувам, ама најчесто не слушаат. Ми велат: „Ти ќе ми кажуваш и ќе ми паметуваш?“ Но, тоа е живот – ќе им дојде и ним момент кога ќе се опаметат и ќе речат дека е доста – заклучи тој.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....