2.8 C
Скопје
21:07 - 22 февруари, 2025

Се претпоставува која позната личност го постирала шокантното видео со премиерката; дали Сана Марин го видела пред да излезе во јавност?

Дали Сана Марин го видела шокантното видео пред да излезе во јавноста? Веќе се претпоставува кој стои зад постираното видео, и станува збор за уште една финска позната личност, соопштуваат финските медиуми. 

Жешка тема се уште е бурното забавно видео на премиерката на Финска Сана Марин, во кое таа танцува и пее, на пример, на песна од популарниот рапер Петри Нигард. Во позадина на еден од видео клиповите, се чини дека се слуша спомнувањето на зборот „кокаин“ што засега останува мистерија. Премиерката сепак беше ставена на тест на дрога, а резултатите ќе се знаат на почетокот на следната ендела.

Според финските медиуми, видеото првично било објавено од приватен Инстаграм профил, преку кој почнало да се шири низ социјалните мрежи.

Името на приватниот профил на Инстаграм сугерира дека администратор на профилот е фотографката Џанита Аутио, која е многу позната во социјалните кругови на Финска. Јанита и претходно била вмешана во случаи на објавувања на скандалозни видеа на познати личности.

Фотографката Аутио беше во ценатрот на јавноста и не така одамна, во текот на летото, откако направи фотографија на Марин во кожена јакна и тексас шорцеви во Руисрок, фотографија која го обиколи светот.

Сепак, летово, со фотографијата од модерната „рокерка“ Марин се собраа на нејзина сметка воглавно позитивни коментари, иако некои ѝ замерија дека „не личи“ таков стил за сериозноста на функцијата.

Во новите видеа пак, снимени во друштво со премиерката, се појавуваат дузина познати фински личности, пејачката Алма Митинен, радио водителките Тини Викстром и Каролина Туоминен и стилистката Веса Силвер.

Приватниот профил на Инстаграм од кој е постирано видеото има само 92 следбеници. Интересно е што и самата премиерка Марин го следи дотичниот профил, што значи дека можеби ги видела видеата пред да станат јавни. Споменатата славна фотографка Јанита Аутио исто така го следи профилот од каде се постирани видеата. 

Имено, меѓу 92-цата следбеници на мистериозниот профил има бројни познати имиња, главно музичари, но и познати новинари, водители па дури и познати фински манекенки.

Огромната врева што ја предизвика видеото во голема мера се должи не само на танцовите потези на премиерката која очигледно конзумирала алкохол (што ѝ самата призна), туку и на коментарите во позадината на видеото.

Финската премиерка не е единствена која танцувала: Се сеќавате ли на движењата на Ангела Меркел, Зеленски, Борис Џонсон…?

(Трето ВИДЕО) Вака Сана Марин го заведува познатиот маж кој не ѝ е сопруг: Тој ја бакнува во вратот

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....