22.8 C
Скопје
13:47 - 1 октомври, 2026

Се пренесуваат преку плунка, дали мајмунските сипаници се пренесуваат и преку храна?

Дали постои ризик од пренесување на вирусот на мајмунска сипаница преку храна?

Во африканските земји, каде што вирусот е ендемичен, повеќето случаи на контаминација се јавуваат преку контакт со заразено диво животно и, поретко, за време на подготовка или консумирање на заразен дивеч.

Новите студии велат дека мајмунските сипаници се пренесуваат преку сперма но и преку плуканка. Некои студии ја опишуваат појавата на случаи на мајмунски сипаници кои се чини дека потекнуваат од ракување или консумирање на заразено месо, но овие податоци сè уште не се доволни за да се потврди преносот на болеста на овој начин. Кој е тогаш ризикот?

Одговорот е дека пренесување на мајмунски сипаници преку храна (јадење) сè уште не е докажан, не може целосно ни да се исклучи.

Има малку информации за перзистенција на вирусот на мајмунски сипаници на површините и храната, но во лабораторија тој останува стабилен кога се чува на 4 ° C. Врз основа на ова можеме да претпоставиме дека ќе преживее во храната складирана во фрижидер. Вирусот, од друга страна, станува неактивен со готвење (најмалку 12 минути на 70 ° C).

Врз основа на овие елементи, ризикот од пренесување на вирусот на мајмунска сипаница преку храната што се консумира (освен свежите растенија, зелените салати) останува само хипотеза. Засега не е пријавен ваков случај.

Во секој случај, во европските земји веќе се препорачува строго почитување на хигиенските правила во угостителскиот или земјоделско-прехранбениот сектор, како за персоналот, така и за дезинфекција на просториите. Исто така, на засегнатите компании им се препорачува да ги информираат своите вработени за симптомите на мајмунска сипаница за да се лекуваат и изолираат што е можно побрзо во случај на инфекција.

 

Слични објави

(Видео) Дарко Лазиќ ја прегрна вдовицата на Тома Здравковиќ додека ѝ го пееше познатиот хит од покојниот сопруг

Е.А.

Ви трне едната страна од телото? Еве кога причината е безопасна, а кога е потребна итна помош

Еспресо

Александра Јанева сподели момент со ќеркичката Тина: Најважната улога во животот

Еспресо

Урната куќата на Весна Змијанац во Ковачи: Соседите откриваат што се гради на нејзино место

Еспресо

(Фото) Сè „пука“ од страст – Сара Јо ужива во прегратките со Алексеј Бјелогрлиќ

Еспресо

Две едноставни состојки прават голема разлика — рецепт за најкремастата палента

Еспресо
Се вчитува....