5.8 C
Скопје
00:21 - 8 март, 2026

Се огласија ќерките на Брус Вилис: Во најтешките мигови единствено ова ги теши

Ќерките на Брус Вилис проговорија по неговата нова дијагноза, деменција.

Минатата година светот беше шокиран од веста дека херојот на акционите филмови Брус Вилис (67) заминува во пензија откако дозна дека боледува од афазија, а овој четврток доби нова дијагноза.

Имено, неговата поранешна сопруга Деми Мур (60) вчера откри дека Брус боледува од таканаречена фронтотемпорална деменција, која е резултат на наследни или спонтани нарушувања кои предизвикуваат влошување на фронталниот, а понекогаш и темпоралниот лобус на мозокот. По новата тажна вест се огласи и ќерката на актерот Скаут (31) која е од бракот со Деми.

„Се чувствувам емотивно уморна и малку преоптоварена, но и многу воодушевена од љубовта што толку многу луѓе ја имаат кон мојот татко“, напиша таа покрај нејзината фотографија на Инстаграм „стори“.

Нејзината постара сестра Румер Вилис (34) и помладата сестра Талула Вилис (29) ја поддржаа и ја споделија нејзината објава, истакнувајќи дека се многу благодарни за поддршката што ја добиле откако објавиле дека нивниот татко е болен.

ФТД е сурова болест за која многумина никогаш не слушнале, а може да го погоди секого. За луѓето под 60 години, ФТД е најчеста форма на деменција. Денес се уште нема лек за оваа болест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Слични објави

(Фото) Тигар и Јована Јеремиќ се свршија: Водителката го покажа дијамантскиот прстен

Еспресо

Oткриено е колкава пензија зема легендарната Сузана Манчиќ

E.A.

Што да НЕ подарите за 8 Март?

Еспресо

„Конечно тргнуваме дома“: Марко и Луна најдоа начин да се вратат од Малдивите!

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....