12:54 - 5 декември, 2025

Се огласи мајката на Северина против Милан Поповиќ: „Срам да му е, ја малтретира со години и јавно ја пцуе, применува најлоши КГБ методи…“

Мајката на Северина, Ана Вучковиќ се огласи откако во Дневникот на хрватска Нова тв, бил емитуван прилог во кој Милан Поповиќ дал изјава за конфликтот меѓу неговата поранешна партнерка и нејзината сестра Маријана Поповиќ.

„Почитувани, јас сум мајка на Северина. Во вчрашниот дневник ја слушнавте изјавата на Милан Поповиќ, сите знаете кој е тој, само затоа што беше со мојата ќерка, никој за него не слушнал претходно. Тој објаснува што се случило во мојата куќа. Срам да му е. Од каде има право на тоа? Ниту бил тука ниту тука ќе влезе. Всушност, од каде зема за право веќе 10 години неприкладно да зборува за мојата ќерка, мајката за своето дете? Размислува ли тој воопшто за мојот внук, за неговиот син? Ја малтретира со години и јавно ја пцуе, а тоа е мајка на неговиот син. Тоа се ме боли и мене зашто ја гледам како живее. Следена, малтретирана, тужби, поткупување на луѓе, најлоши КГБ методи применува кон мојата Северина и луѓето во нејзина близина.

Синоќа прочитавте дека изјавил дека не сум рекла дека Северина не ја нападнала сестра и. Каде мојот поранешен зет доби право да ме стави во уста, а камоли да земе право да зборува во мое име за тоа што сум кажал, а што не сум кажала? Можеби сум стара, но не сум луда или сенилна. На крајот на краиштата, последен пат кога го видов тој човек, чие име не сакам ни да го слушнам, не ме ни поздрави иако јас го поздравив. Срам да му е.

Никогаш во живот не сум давала изјави до пред некој ден. Го повторувам тоа што го кажав во полиција дека Северина не ја повреди својата сестра, туку сестра неа физички ја нападна. Да, рков и тоа дека сестра ѝ не е првпат да ја пријавува Северина…Повторувам, имам 84 години, не сум физички во полна сила а мозокот ми работи, а сила ми даваат моите внуци и правнуци“, објаснува мајката на Северина.

Слични објави

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо
Се вчитува....