14:16 - 13 ноември, 2026

Се огласи поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ: „Агресивното однесување на Северина не ми е ништо ново“

северина

По вчерашната драма во која неговата поранешна партнерка Северина Вучковиќ беше собрана од полицијата на загрепскиот аеродром по пријавата што против неа ја поднесе нејзината сестра Маријана, се огласи и Милан Поповиќ.

„Ваквото агресивно однесување на Северина не ми е ново, бидејќи во последно време многу често се случува и почна да влијае и на однесувањето на детето. Тоа ја става на ризик благосостојбата на детето“, вели Милан, а пренесуваат хрватските медиуми.

„Сметам дека институциите наместо да прикриваат како што правеа досега и да ја фаворизираат Северина, треба да ги земат и повторно да ги разгледаат сите извештаи и да ги анализираат сите ситуации каде што Северина била пријавена за запоставување на детето и за семејно насилство и за општо насилство, и од тоа да се извлече заклучок и објективен став“, вели Поповиќ за Индекс.

На прашањето дали ја познава Маријана, вели : „Секако дека ја познавам. Маријана го чуваше нашиот син многу често“. Тој додава дека Маријана повеќе време минувала со нивниот син отколку самата мајка. „Отсекогаш сум бил во добри односи не само со Маријана туку и со целото семејство Вучковиќ“.

Поповиќ демантира дека Маријана во договор со него ја пријавиле Северина во Центарот за социјална заштита.

„Ова за мене не е изненадување. Запознаен сум со предметот кој се води во Загреб во Центарот за социјална заштита. Знам дека Маријана пријави претење и насилство од страна на Северина зашто тука се спомнува и нашето дете, па тоа е ставено во записник. Пријавите на Маријана немаа врска со мене и со нашиот спор за старателство“, објаснува Милан.

„Се слушнав со Маријана. Синоќа се слушнавме и ми раскажа што се случило. Бев згрозен, но не и изненаден.“, продолжува Милан. „Северина сосема ги извитоперува фактите веќе со години. Ни сопственото семејство не ѝ е свето“.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....