5.8 C
Скопје
04:51 - 1 април, 2026

Се огласи Горан Тонев, гитаристот од „ДНК“ кој го преживеа пожарот

Со тажна порака се огласи Горан Тонев,  музичарот кој го преживеа трагичниот пожар во Кочани кој се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“. Од целиот бенд на сцената таа кобна вечер, се спасија тој и Ана Костадиновска, која пееше придружни вокали.

Гитаристот Тонев кој е од Штип, се лекуваше во болница во Солун, а на домашно лекување беше пуштен во мај, два месеци по пожарот.

Во септември, шест месеци по трагедијата, тој на својот Инстаграм профил, објави стори посветено на своите колеги од бендот.

Фото/ Инстаграм

-Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите… Уживавме да ја делиме сцената, насмеани и ведри како и секој наш настап, но таа вечер имаше посебна енергија како да чувствувавме дека е за последен пат.

Не требаше да биде вака колеги мои… Засекогаш ќе ве носам во моето срце! Почивајте во мир“, напиша Горан тогаш.

Денес беше погребан Владимир Блажев- Панчо, кој по седум месеци поминати во болница почина на 14 октомври. Панчо беше испратен во вечноста токму на денот кога пред 18 години загина Тоше Проески.

Тонев ја сподели снимката од Сара Пројковска, придружниот вокал на „ДНК“ и Панчо како ја пеат песната „Немир“ од Тоше Проески и Каролина Гочева во автомобил, додека се враќале од настап.

-Сара и Панчо за Тоше. Овој 16 октомври боли повеќе од било кога- денот кога го изгубивме Тоше, а денес се простуваме од Панчо“, напишал гитаристот.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....