20:45 - 13 ноември, 2026

Се огласи екс сопругата на вљубениот Лазар Ристовски: „Деталите ги дознав исто кога и медиумите“

Актерот Лазар Ристовски повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста кога протекоа информации дека е во емотивна врска со 39 години помлада девојка, поточно негова колешка, која веќе подолго време живее со актерот.

инстаграм

Поранешната сопруга на Лазар, Даница Ристовски, не се огласуваше во јавноста на оваа тема, но овој пат реши да зборува, со оглед на тоа што нејзиниот поранешен сопруг ја оштетил одлучувајќи да ја донесе новата 39 години помлада партнерка на нејзиното актерско место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igra Sudbine (@igra.sudbine.mila)

Ристовски ја запозна Даница во серијата „Дрим тим“, но во продолжението на серијата ја исфрлил од актерската екипа, а на нејзино место ја ставил Аница Лазиќ, поточно својата нова девојка, пренесува српскиот портал Србија данас.

„Точно е. Не играм. Што повеќе да ви кажам. Немам веќе никаков коментар за ништо“ – рече Даница за српските медиуми, потврдувајќи ја веста дека нема да ја добие улогата во серијата.

На прашањето од кога не игра во спомнатата серија, Даница рекла дека деталите ги дознала исто кога и медиумите.

Наводно, Лазар одлучил да ја исклучи бившата сопруга од проектот за да не се сретне со сегашната негова партнерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brana Milunov (@milunov)

Потсетуваме, актерскиот пар Лазар и Даница Рстовски се разведоа после 42 години брак иако важеа за едни од најстабилните парови на јавната сцена.

Парот долго ја криеше веста за разводот, а една година подоцна заедно дадоа за медиумите соопштување преку кое ја известија јавноста за крајот на нивната долгогодишна врска.

Слични објави

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо
Се вчитува....