04:26 - 6 април, 2026

Се молел во манастир два дена пред пожарот: Овој човек му беше духовен татко на Панчо

Само два дена пред пожарот во Кочани, Панчо од „ДНК“ бил да се помоли во манастрир близу Скопје.

Една од последните објави на познатиот музичар Владимир Блажев- Панчо кој почина вчера во приватна болница во Скопје е од 14 март.

Тој објавил слика од манастирот Свети Пантелејмон во скопско Горно Нерези, само два дена пред пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој настрадаа повеќето членови на групата „ДНК“.

Фото/ Фејсбук

Познато е дека Панчо беше многу побожен и ја почитуваше верата. На една од неговите објави на Инстаграм, тој е сликан во манастирот Свети Никола кој се наоѓа во селото Љубанци на Скопска Црна Гора и до неа напишал: „Отец Агатон , мојот духовен татко“.

Отец Агатон, Панчо го нарече негов духовен татко Фото/ Инстаграм

Цеата естрада е уште во шок и неверување по смртта на Панчо, кој цели седум месеци се бореше за живот во скопската болница.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....