19.8 C
Скопје
22:30 - 6 мај, 2026

Се исплашила од средбата со Баба Ванѓа: Лепа Брена откри што ѝ предвидела познатата пророчица

Пејачката Лепа Брена искрено зборуваше за необичната средба што ја имала со познатата бугарска пророчица Баба Ванѓа.

Како што раскажа, на почетокот чувствувала страв и непријатност од самата помисла да оди кај прочуената видовита жена, бидејќи немала посебна потреба од таква средба.

– Бугарите ме замолија да одам кај познатата пророчица Ванѓа. Малку се исплашив бидејќи немав потреба од таква средба. Сето тоа ми изгледаше необично, затоа што таа беше многу позната и вистинска видовита жена. Потоа, со дозвола од бугарските државни служби, заминав да ја посетам. Ми кажа дека уште долго ќе пеам, дека ќе изградам зграда во која ќе има многу пејачи и дека ќе соработувам со нив. Исто така ми рече дека ќе се омажам за човек во бело. Си помислив: „Што ако е лекар, пекар или фармацевт?“ – низ смеа раскажа Брена.

Пејачката додаде дека во тој период воопшто не размислувала за брак, бидејќи кариерата ѝ била на прво место.

– Тогаш бев жена која не размислуваше за мажачка, кариерата ми беше приоритет. Ванѓа ми кажа и дека ќе имам машки деца и дека никогаш нема да родам девојче – откри таа.

На прашањето дали ѝ недостига ќерка, Брена искрено одговори:

– Не ми е жал… Кога имаш машки деца… Би ми било жал да ги немам, затоа што се мои и ги сакам. Кога мајката ги сака своите деца, тоа е смислата на животот и вечна љубов. А бидејќи јас никогаш не сум ја видела својата ќерка… едноставно не знам каква е.

Таа во разговорот ја спомена и својата снаа, пејачката Александра Пријовиќ.

– Ќе имам снаи. Веќе имам прекрасна и фантастична снаа – Александра Пријовиќ. Што повеќе може човек да посака? Само нека остане сè како што е. Имам уште два сина, па го чекам и нивниот избор и се надевам дека ќе биде нешто што најпрво ќе им одговара ним, а потоа и мене – изјави Брена.

Слични објави

Неда Украден со емотивна објава се прости од блиска личност: „Патувај со ангелите…“

Еспресо

„Го фатив за вратот и главата“: Познатиот српски водител проговори за жестоката тепачка и за мажот кој долго го следел

E.A.

„Кој сака да сфати, ќе сфати“ – Близок пријател на Мелина и Харис Џиновиќ откри детали од нивниот брак

E.A.

„Својот брак не би го менувал за ништо“: Саша Матиќ искрено за љубовта, славата и животот

Еспресо

Мина Костиќ ќе се мажи? Каспер се огласи од Америка со емотивна порака за нејзиниот роденден

E.A.

Еден фустан, една вечер, илјада погледи – вашата матурска модна приказна започнува во „Прагма“

Еспресо
Се вчитува....