12.8 C
Скопје
13:18 - 27 март, 2026

Сè е обмислено: Зошто Бред Пит и Анџелина Џоли нема да се вкрстат на фестивалот во Венеција

Двајцата актери подготвија нови филмови за фестивалот. Организаторите се погрижија да избегнат непријатна ситуација.

Речиси бескрајните „препукувања“ меѓу поранешните сопружници, холивудските ѕвезди Анџелина Џоли и Бред Пит, ги натераа организаторите на 81. Филмски фестивал во Венеција, кој моментално се одржува на островот Лидо, да размислуваат да ги спречат ѕвездите да се вкрстат на настанот. И Пит и Џоли ги преставуваат своите филмови „Волци“ и „Марија“ на фестивалот. Директорот на фестивалот Алберто Барбера во интервју за Variety уверува дека сè е веќе обмислено.

Според него, актерите нема да се сретнат во Венеција, бидејќи премиерите на нивните филмови биле специјално распоредени на различни датуми. Така, Анџелина Џоли го претстави филмот „Марија“ со режисерот Пабло Ларин на 29 август, по што ќе оди со него во Телурид.

Што се однесува до Пит, тој во Венеција ќе се појави дури во сабота на 30 август.

Филмскиот фестивал во Венеција годинава има еден од најѕвездените состави по долго време. Гости се Лејди Гага (Џокер: Лудило за двајца), Џорџ Клуни и Бред Пит (Волци), Никол Кидман (Бебе), Анџелина Џоли (Марија), Џулијан Мур (Следна соба) и Кејт Бланшет (“Одрекување”). Сите овие главни ѕвезди ќе присуствуваат филмски проекции кои ќе траат од 28 август до 7 септември.

 

Слични објави

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....