22:56 - 5 април, 2026

Се боревме: Се огласија од болницата во која почина Панчо

За борбата на животот на Панчо, се огласија од приватната болница „Аџибадем Систина“ во која музичарот од дуото ДНК почина.
-Почивај во мир, драг наш Панчо… Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета…
Нема зборови за утеха за твоите два ангела Марјан и Андреја и за твојата Маја…
Нема зборови што можат да ги запрат солзите на нашите доктори, сестри, болничари кои беа 24 часа со тебе … Целата болница, заедно со тебе и твоето семејство се боревме и верувавме“, напишаа од Болницата на нивниот Фејсбук профил.
Од Владимир Блажев- Панчо денес се простија многумина на социјалните мрежи, нарекувајќи го свој брат, пријател, човек со големо срце. Најтажната порака ја напиша неговата сопруга, Маја.
-Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови“, напиша Маја на својот фејсбук-профил.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....