15:15 - 2 април, 2026

Сара Фергусон се бори со рак на дојка: Итно на операција

Поранешната сопруга на војводата од Јорк Сара Фергусон е оперирана за да се отстрани малигнен тумор на града, пренесува Дејли Мејл.

„На Сара, војвотката од Јорк, неодамна ѝ беше дијагностицирана рана форма на рак на дојка при рутински мамограф. Ѝ беше препорачана операција, која беше успешна“, соопшти портпаролката на Фергусон.

63-годишната војвотка сега е на медицинска нега, а прогнозите за текот на болеста се позитивни. Таа сега се опоравува од операцијата во друштво на своето семејство.

„Војвотката ја изразува својата бескрајна благодарност до целиот медицински персонал кој ја поддржа во овој период“, додаде портпаролката на Сара Фергусон.

На крајот, таа заклучи и дека „војвотката е благодарна и на лекарите кои го направиле мамографот, благодарение на што ѝ била дијагностицирана болест која не покажува никакви симптоми“.

 

Слични објави

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо
Се вчитува....