13:18 - 30 јануари, 2026

САНДРА БУЛОК ПРОЗБОРЕ ЗА НАЈГОЛЕМАТА ТРАУМА: Веќе не бев истата, се распаѓав

сандра булок

Холивудската актерка Сандра Булок собра храброст и откри дека страда од тешко посттрауматско стресно растројство, кое се појавило како последица на кражбата која се случила во нејзиниот дом во 2014 година.

Гостувајќи во една од последните епизоди на „Red Table Talk“, со Џејда Пинкет Смит, Вилоу Смит и Адриен Банфилд-Норис, 57-годишната холивудска актерка Сандра Булок се присети на моментот кој како што вели, засекогаш ќе остане врежан во нејзината меморија откако сфатила дека невооружен крадец влегол во нејзината вила во Бел Ер.

сандра булок
Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN MONTERROSA

Единствената добра работа во целата приказна била тоа што ноќта за време на кражбата, нејзиниот син Луис, кој го посвои во 2010 година, не бил дома.

„Таа вечер нашата дадилка беше слободна. Таа му предложи на Луис да спие кај неа, бидејќи знаеше дека ќе си легнам доцна. Да беше дома, ќе истрчав до плакарот, кој денес е навистина мојот плакар, а тогаш беше неговата спална соба и тоа засекогаш ќе ја променеше нашата судбина. На крајот на краиштата, веќе не бев истата. Се распаѓав“, се присети Сандра Булок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @sandrabullockofflcial

Крадецот на крајот бил уапсен во нејзиниот дом додека и самата била таму, а преку разговорот призна дека од тој ден никогаш не била сама во куќата. Неколку години по инцидентот, во 2018 година, осудениот демнач Џошуа Џејмс, кој ја следел актерката насекаде, извршил самоубиство по судирот со полицијата.

„Тажно е што системот го изневери“, рече Булок, додавајќи дека несреќен сплет на околности довеле до неговата смрт.

сандра булок
Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Како што призна, поради сите трауми што ѝ се случиле, побарала стручна помош и психотерапијата најмногу ѝ помагала во нејзиниот случај.

На прашањето што научила од целата ситуација, таа вели дека сега знае дека често била опкружена со луѓе, но и покрај тоа се нашла во ситуации кои не биле безбедни за неа. „Не можам никој да обвинам, освен самата себеси“, заклучи актерката.

Слични објави

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova
Се вчитува....