14:14 - 13 ноември, 2026

Салма Хаек ја откри билката која ја користи за младешки изглед: „Заменува ботокс и филери“

Мексиканско-американската актерка Салма Хаек (56) ја откри „тајната состојка“ што ја користи за да има беспрекорна и младешка кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

„Користам екстракт од кора од стеблото од мимоза тенуифлора, која во Мексико се користи за лекување на изгореници бидејќи целосно ја обновува кожата“ – изјави таа за списанието „Ел“.

Холивудската актерка вели дека никој во САД не го користи екстрактот што го донела во американска лабораторија, а истражувачите биле изненадени од неверојатните позитивни резултати.

– Се чудеа како е можно никој да не ја користи оваа билка. Поради неа немам потреба од ботокс или филери – заклучи актерката.

Хаек го опишува растението како многу достапно зашто „расте насекаде околу нас“, мислејќи на Јужна Америка, од каде и самата потекнува, бидејќи растението природно не расте во Европа. Билката наликува на папрат, а има и халуциногени својства, секако ако се употебува за некаква друга намена од типот на канабисот.

 

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....