03:04 - 7 ноември, 2026

„Сакајте некого – бесплатно е и убаво“: 17 правила за среќен живот на Рамбо Амадеус

Рамбо Амадеус, црногорскиот пејач, кантавтор и сатиричар вчера наполни 63 години.

Познат по неговиот карактеристичен хумор, иронијата и необичните животни ставови, пред неколку години, Рамбо Амадеус ги објави своите 17 правила за среќа, кои на шеговит, но суштински начин откриваат како да се живее попросто, посмирено и посреќно.

Еве ги неговите препораки:

1. Наутро – млака лимонада од пола лимон.

2. Благо истегнување и лесна гимнастика.

3. Само еден информативен извор – без емоционални вишоци.

4. Престанете да ги следите оние што само се жалат, а не нудат решенија.

5. Пешачете – во гените ни е.

6. Разменувајте предмети со пријатели – весело и корисно.

7. Поправајте си сами дома – задоволството е загарантирано.

8. Читајте книги – не се сите досадни.

9. Следете наука – космосот помага при земните тегоби.

10. Дишете длабоко и бавно – секогаш кога ќе се сетите.

11. Насмевка на лице – функционира и научно.

12. Возете нешто што не прави бучава.

13. Јадете помалку месо.

14. Подарете сè она што не ви треба.

15. Сакајте некого или нешто – бесплатно е и убаво.

15А. Одгледувајте растенија – рузмаринот ми е омилен.

16. Еден час дневно во тишина.

17. Дополнете си самите…

„Ако имате и пари – запишете се во школа за едрење. Никогаш не сум сретнал депресивен едриличар“, ќе додаде Рамбо во свој стил.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....