5.8 C
Скопје
00:18 - 1 април, 2026

Ружица Брчиоска -„Ареа“: Желбата за креација надвладеа над желбата за пари и популарност по секоја цена

Секогаш е вистински мерак да се слушне нешто ново од „Ареа“, исто како што е мерак да се позборува со Ружица, „ураган“ на позитивна енергија. 

Е сега замислете каков пак мерак е тоа да се помножи по единаесет пати, по онолку песни колку што содржи новиот издаден албум „Ареа“, насловен „Љубов е“.

Љубов е, нема што. Кон музиката, кон традицијата, кон доследноста, кон трпението и истрајноста, кон креативноста, уметноста…љубов кон љубовта.

Албумот е работен долго време, а со него „Ареа“ одбележаа и 30 години на музичката сцена.

Ја прашавме Ружица што значи за неа да се биде 30 години на музичката сцена и како се останува долго време на пиедесталот.

– 30 години изгледаат многу, но 30 години на сцена мене ми изгледаат малку, зошто сѐ што е убаво имам впечаток како да лета(се смее, н.з). Или, со други зборови, прекрасно е да го работиш тоа што го сакаш, па и по цели 30 години ја чувствувам истата страст и енергија кога пеам. Инаку пиедесталот не го одржувавме постојано, имавме и периоди на повлекување, но никогаш не се откажавме од музиката. Можеби на сцената сме цели 30 години и поради тоа што желбата за креација надвладеа над желбата за пари и популарност по секоја цена, така што останавме доследни  на стилот што го негуваме, останавме свои – ни одговори таа.

Честитки!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....