8.8 C
Скопје
12:18 - 1 април, 2026

Руперт Мардок пак е вљубен, на 92 години: Крстари по Медитеранот со екс свекрвата на Роман Абрамович

Поранешната свекрва на Роман Абрамович, Елена Жукова, е „уловена“ на крстарење со јахта со новиот љубовник, 92 годишниот медиумскиот магнат Руперт Мардок, пренесува Дејли меил.

Елена Жукова и Руперт Мардок крстарат по Медитеранот на легендарната јахта Кристина О што ја изнајмил милијардерот. Во понеделник, 14 август, биле забележани на брегот на островот Крф. Како што појаснува изворот за Дејли меил, парот неодамна е во врска, а запознавањето се случило преку заедничко друштво. Инаку, ќерката на Елена Жукова, Дарија, поранешна сопруга на рускиот милијардр Роман Абрамович, е пријателка со поранешната сопруга на Руперт Мардок, Венди Денг.

Милијардерот Руперт Мардок и бизнисменката Венди Денг се разделија пролетта 2023 година. Причината биле нејзините религиозни ставови.

Новата љубов на Мардок, Елена Жукова, е молекуларен биолог и специјалист по дијабетес. Таа живее во Америка повеќе од 30 години откако ја напушти Русија во 1991 година со нејзината ќерка Дарија.

„Руперт не се смирува. Има енергија на луѓе кои се двојно помлади од него. Можеби повторно е вљубен“, вели извор близок на Мардок за странските медиуми.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

msp-admin

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....