5.8 C
Скопје
03:25 - 1 април, 2026

Роналдо е крал на Инстаграм: Ја „згази“ Кајли Џенер, заработува 2,16 милиони евра по објава

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо стана најплатената ѕвезда на Инстаграм, надминувајќи ја Кајли Џенер во однос на заработката; тој сега заработува 2,16 милиони евра по спонзорирана објава, додека 25-годишната бизнисменка заработува околу 462.000 евра помалку.

Роналдо е и најследената личност на Инстаграм – може да се пофали со недостижни 597 милиони следбеници, на второ место е фудбалерот Лионел Меси со 479 милиони, потоа пејачката Селена Гомез со 427 милиони, додека Кајли е четврта на листата – со 398 милиони следбеници, објави Дејли Мејл.

Во последниве години, 38-годишниот фудбалер доживеа значителен подем; Во 2019 година тој беше трет најбогат човек на Инстаграм со 872.000 евра заработка по спонзорирана објава. На неговиот профил на Инстаграм, Роналдо често ја промовира спортската веб-страница LiveScore, велнес брендот Therabody и берзата за криптовалути Binance, додека Кајли има цела палета на брендови, вклучувајќи ги, се разбира, сопствените Kylie Cosmetics и Kylie Swim, а работи и со други популарни марки, на пример, со луксузниот бредн Жан Пол Готје.

Листата со богаташи на Инстаграм ја составува компанијата HopperHQ, а се базира на тоа колку секој корисник може да наплати за објавување на Инстаграм. Просечниот ангажман, фреквенцијата на објавување и бројот на следбеници исто така се земени во предвид. Во моментов Меси е трет по заработка со 1,6 милиони евра по спонзорирана објава, следна од Селена Гомез со 1,56 милиони, а актерот Двејн Џонсон се доближи со 1,54 милиони евра. Засега најекспонираната членка на кланот Кардашијан/Џенер не влезе во првите пет – Ким е шеста по заработка со 1,51 милиони по спонзорирана објава.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....