-1.2 C
Скопје
01:31 - 19 февруари, 2026

Рис Витерспун е најбогатата актерка според Форбс: „Ја основав компанијата за да им помогнам на жените“

Рис Витерспун официјално стана најбогата актерка во светот со богатство кое не го наследила туку сама го заработила.

Списанието „Форбс“ ја објави листата на најбогатите жени во Америка, а актерката го зазеде 59-тото место со нето вредност проценета на 440 милиони долари.

47-годишната Рис во последните години се покажа како многу способна деловна жена.

Во 2016 година, таа ја основа медиумската компанија „Hello Sunshine“, која продуцираше наградувани филмови и ТВ емисии, вклучувајќи ги „Gone Girl“, „Big Little Lies“, „Daisy & The Six“ и „Little Fires Everywhere“.

Во тоа време, Витерспун беше фрустрирана од улогите што ги добивала, па таа и продуцентот Бруно Папандре решија да ја основаат продуцентската куќа „Пацифик стандард“, сега подружница на „Хелоу Саншајн“.

– Мислам дека тоа беше буквално единственото студио што имаше проект за главна женска улога која има над 30 години – изјави актерката за магазинот „Варајети“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon)

Во 2021 година, актерката го продаде „Hello Sunshine“ на медиумска компанија поддржана од Blackstone за 900 милиони долари.

– Ја основав оваа компанија за да го сменам начинот на кој жените се прикажуваат во медиумите. Во текот на изминатите неколку години, го гледавме напредокот на нашата мисија преку книги, ТВ, филмови и социјалните платформи, рече таа во соопштението за печатот.

Актерката сè уште поседува околу 18 отсто од компанијата, а исто така го основаше и Клубот на книги на Рис, кој се стекна со репутација за поддршка и промоција на кариерите на женските авторки.

Дополнително, Витерспун е исто така една од најплатените ТВ актерки, со заработка од 1,2 милиони долари за глумење и продукција на утринската емисија „The Morning Show“ емитувана на Apple TV+, според Форбс.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....