11.8 C
Скопје
01:57 - 30 април, 2024

Ријана најави нова песна по пауза од шест години

По шестгодишна пауза, Ријана на Инстаграм сподели кратка снимка од 10 секунди на која може да се слушне дел од нејзината нова песна.

На видеото се гледа голема сребрена буква „R“, а во позадина се слуша како Ријана потпевнува. На крајот се појавува датумот 28.10.22 што веројатно е потврда дека тогаш новата песна ќе излезе во целост.

Во вторникот од студиото Марвел преку твит навестија дека „Lift Me Up“ ќе се најде на саундтракот за претстојниот филм на Марвел „Wakanda Forever“.

Обожавателите на Ријана воодушевено коментираа под двете објави колку долго ја чекаат да сними нова музика.

„Моментот кој сите го чекавме“, „28.10. ќе стане празник“, „Звучиш како ангел“, „Конечно, навистина веќе беше време“, „Врескам“, „Сите сме спремни“, се дел од коментарите на нестрпливите обожаватели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Последно музичко остварување на Ријана беше нејзиниот осми студиски албум „ANTI“ во 2016 година на кој имаше нумери како „Work“ и „Love on the Brain“.

Оттогаш „The Navy“, името на нејзината база на обожаватели, со нетрпение ја чека да објави нови песни. Сепак, Ријана беше позафатена со работа на други проекти последниве неколку години, како нејзиниот бренд „Fenty“ кој вреди повеќе од милијарда долари, и ги вклучува линијата за долна облека „Savage x Fenty“ и козметичката линија „Fenty Beauty“.

Покрај обврските со својот бренд, таа имаше и големи приватни обврски. Ријана во мај оваа година стана мајка за прв пат кога доби син со партнерот A$AP Rocky.

Ријана потврди дека се враќа на музичката сцена уште во септември кога ја прифати поканата на НФЛ да настапи на полувремето на Супербол во 2023 година.

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....