34.8 C
Скопје
19:55 - 21 август, 2026

Ричард Гир: „Јас сум пацифист, но на Украина мора да ѝ се помогне“

Ричард Гир престојува во Катанѕаро, Италија, и го искажа своето мислење за војната во Украина. Но одговори и на прашањето што мисли денес за филмот „Убава жена“. 

Поминаа 40 години од премиерата на хит филмот „Официр и џентлмен“  и 32 години од „Убава жена“, но за Ричард Гир (73) времето изгледа не поминало.

Светло сина кошула, темни панталони и бела коса скратена многу кратко, американскиот актер, пријател на Далај Лама и убеден будист, пристигна во Катанзаро, каде што присуствува на  филмскиот фестивал Магна Греца. И навистина изгледа како момче.

И така, на прес-конференцијата која започна со повеќе од еден час доцнење, почнува: „И мене ме прави среќен тоа што ве гледам сите насмеани“.

Продолжение или преработка на хитот „Згодна жена“?

„Поминаа многу години од 1990 година кога беше објавен филмот, но и покрај фактот што повеќе од еднаш режисерот Гари Маршал ми предложи можен римејк, замислувајќи чудни случувања, на крајот никогаш не е направено ништо. Искрено, никој не очекуваше таков успех, филм способен да создаде таков облик на идентификација. Убава жена беше магија, магичен допир, форма на заљубување. Не знаеш зошто се заљубуваш во некого, но тоа се случува“, вели Гир.

А, што мисли за Украина?

„Во апсолутна смисла, јас сум пацифист и ненасилна личност, но во релативниот свет во кој живееме, сè уште е неопходно да се заштитиме и да им помогнеме на оние кои се во тешкотии, како што е случајот во Украина. Единствените организации кои се обидуваат да го применат владеењето на правото во моментов се НАТО и Европската унија“. А, Кина? „Јасно е дека таа спроведува долгорочен план за моќ, можете да видите од тоа како се однесувала со Тибет и Монголија. Сепак, едногласноста со која ѝ се помогна на Украина ветува поодговорно однесување во иднина, од сите.  Во оваа смисла, Путин е вчудоневиден затоа што не очекуваше таков хомоген одговор против неговата инвазија“, објаснува Гир.

Слични објави

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Активен пар — Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ освоија уште пет врва на Шар Планина

Еспресо

(Фото) Хрватската пејачка Жанамари позираше во бикини, жешките фотографии го „запалија“ интернетот

Еспресо

(Фото) Неверојатно си личат! Ова е сестрата на Душко Тошиќ, која ретко ја гледаме во јавноста

Еспресо

Јордан Митев по 25 години случајно ја пронајде ученичката книшка и се потсети на едно поинакво време

Еспресо
Се вчитува....