7.8 C
Скопје
05:38 - 2 април, 2026

Жизел Бундхен и Том Брејди пред развод: „Мислам дека веќе нема враќање назад“

Изгледа дека бракот на Том Брејди и супермоделот Жизел Бундхен сепак ќе заврши – и двајцата ангажирале адвокати за развод, дознава Page Six. Како што претходно беше објавено, парот по големата кавга живееше одвоено изминатите неколку месеци и сега тие очигледно сакаат да ја поделат својата империја вредна милиони долари.

„Никогаш не мислев дека оваа кавга ќе биде крај на нивниот брак, но изгледа дека е така. Мислам дека веќе нема враќање назад. И двајцата имаат адвокати и веќе се информираат што ќе значи оваа разделба, кој што ќе добие и како ќе ги поделат финансиите“, вели упатен извор за Page Six.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

Спортистот и манекенката и понатаму молчат на оваа тема, а извори блиски до парот, кој е во брак од 2009 година, тврдат дека и двајцата се многу фокусирани на децата и дека планираат да имаат заедничко старателство. Жизел и Том имаат 12-годишен син Бенџамин и 9-годишна ќерка Вивијан, а Брејди го има и 15-годишниот син Џек со поранешната партнерка Бриџит Мојнахан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

Двојката најверојатно ќе поднесе барање за развод на Флорида и размислува да го подели својот имот вреден 26 милиони долари. Брејди моментално е најплатен играч на НФЛ, вреден 250 милиони долари.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....