06:16 - 11 април, 2026

Расте бројот на загинати во Мароко: Разорниот земјотрес однесе над 2.000 животи, спасувачите со голи раце ги пребаруваат урнатините

Силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мароко, зеде над 2.000 човечки животи и предизвика сериозни штети во неколку региони, гласат страшните најнови вести од странските медиуми.

Жителите излегоа на улиците кога земјотресот ја погоди земјата во петокот, а потреси беа почувствувани во неколку области на земјата, каде што многу згради беа уништени или тешко оштетени.

Во Мароко е прогласена тридневна национална жалост, а вооружените сили ги распоредуваат спасувачки тимови за да обезбедат чиста вода за пиење, залихи со храна и шатори во погодените области.

Болниците во Маракеш забележаа прилив на повредени луѓе, а властите ги повикаа жителите да даруваат крв. Министерството за внатрешни работи на Мароко соопшти дека повеќе од 1.200 луѓе се во критична ситуација поради повредите.

 

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....