14:00 - 27 ноември, 2026

Рада Манојловиќ собори десетгодишен рекорд

Пејачката Рада Манојловиќ постави нов рекорд по посетеност на манифестацијата „Културно лето“ во Свилајнац, соборувајќи го рекордот што остана ненадминат цели десет години.

На нејзиниот концерт, одржан во петокот вечерта на централниот плоштад „Стеван Синѓелиќ“, присуствувале повеќе од 6.000 посетители, што претставува најголема посетеност во историјата на оваа традиционална манифестација, на која низ годините настапувале бројни познати музички имиња.

Поради огромниот интерес, центарот на градот бил преполн со публика. Организаторите, со цел сите присутни да можат да го проследат концертот, ја поставиле сцената така што била отворена од сите страни.

Плоштадот бил исполнет до последното место, а посетителите го следеле настапот и од околните улици, пешачките зони и терасите на блиските згради.

Рада не го криеше воодушевувањето од одличната атмосфера, а по концертот изјави дека е пресреќна поради големиот одѕив на публиката.

Додека дел од нејзините колеги ова лето се соочуваат со послаба посетеност на настапите, Манојловиќ продолжува да бележи успешни концерти низ регионот.

Иако признава дека напорниот распоред веќе се чувствува, таа не планира пауза. По настапот во Свилајнац ја продолжува летната турнеја, а според интересот на публиката, ова веројатно нема да биде единствениот град во кој ќе постави нов рекорд по посетеност.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....