17.8 C
Скопје
11:34 - 26 март, 2026

Николас Кејџ проговори за најтешкиот период од неговиот живот -„Работата беше мојот ангел чувар“

николас кејџ

Познатиот холивудски актер, кој беше награден и со Оскар, Николас Кејџ во јавноста прозборе за тежок период во својот живот кога за да ги исплати огромните долгови во кои паднал, глумел во бројни нискобуџетни филмови.

Кејџ никогаш не бил поискрен за својот „мрачен“ период кога, како што вели, морал да прифаќа разни улоги за да ги врати долговите во кои паднал.

„Премногу вложив во недвижен имот. Пазарот на недвижности падна и не излегов од долговите на време. Должев околу 6 милиони долари. Никогаш не поднесов барање за стечај“, рече актерот.

Оскаровац истакна дека во тој период од животот преземал какви било улоги кои го издржувале и му помагале да ги исплати долговите.

„Работата отсекогаш била мојот ангел чувар. Можеби не вредеше злато, но сепак беше работа. Дури и филмот да испадне мизерен, знаат дека не го сфаќам тоа лесно, дека се трудам секој пат“, вели Кејџ, а потоа додава:

„Кога снимав четири филма годишно, еден по друг, морав да најдам нешто во нив што ме тераше да дадам се од себе“, изјави актерот за GQ.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ за внуката Марта: „Сè ме потсетува на Сале, секој ден си го спомнуваме“

Еспресо

(Фото) Убав повод за забава во семејството на Огнен Здравковски

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Беше сиромашна и гладна, а сега се бори за здравјето: Се отвори Бранка Соврлиќ за Зорица Брунцлик

Еспресо

(Видео) „Целата траума е во телото“: Јелена Спенџарска откри лична приказна

Еспресо

Хороскоп за 26 март: Вагите носат важна одлука, Раковите се ослободуваат од емоционален товар

Еспресо
Се вчитува....