14:27 - 21 ноември, 2026

Прва изјава на сопругата на Аца Амадеус откако музичарот ја обвини дека има проблем со пороците: „Проверете кој користи дрога“

Музичарот од бендот Амадеус, Александар Станимировиќ, ја шокираше јавноста со изјавата за разводот од сопругата со која бил 35 години во брак. Аца Амадеус изјави дека еден од причините за крајот на бракот е нејзината неверство, но и проблемите со пороците.

Сега, неговата сопруга Светлана за прв пат се огласи, истакнувајќи дека не е точно дека користи дрога.

„Го видов што изјави и јас не сакам да се појавувам во медиумите. Би препорачала во полиција да проверите сите пријави за семејно насилство и кој користи дрога. Јас не би се огласувала, но мојата ќерка, која е полнолетна, ќе ви раскаже сè“, порача Светлана.

Подсетуваме, Аца претходно изјави дека дознал дека сопругата го изневерила со ученик.

„Пред три месеци ми исчезна компјутерот од дома. Исчезнаа и 10.000 евра, како и семејното злато. Што да кажам, застрашувачки е. Сè е пријавено во полиција во Блаце. На снимката што ја добив се гледа мојата жена со својот ученик. Мислам дека тој ја пуштил снимката во јавноста затоа што таа го оставила“, рече музичарот за српски „Курир“ и додаде дека за неверството дознал пред четири месеци.

„За мене тоа е недозволиво. Професор и ученик, тоа е катастрофа. Како е можно некој што работи во просвета да се впушти во таква врска? И самите видовте што има на снимката. Таа снимка заврши на некој сајт за возрасни. Гадно ми е сè тоа и тешко ми е да зборувам“, додаде тој.

Слични објави

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.
Се вчитува....