16.8 C
Скопје
20:25 - 22 октомври, 2026

Принцот Хари е голем љубител на кучиња: „На сите ни треба куче за да бидеме смирени. Јас сега имам три“

-На сите ни треба куче за да бидеме смирени. Јас сега имам три. Значи, ние всушност имаме пет деца, се пошегува принцот Хари и откри дека на неговиот лабрадор му го дал името по хрватскиот град Пула. Тој кажа дека милениците понекогаш создаваат проблеми, но и дека му даваат голема емоционална поддршка.

-Имаме црн лабрадор по име Пула, бигл по име Гај, и уште еден бигл по име Миа. Трчаат наоколу и бркаат верверички – рече Хари за време на разговорот со добитниците на наградите на британската национална добротворна организација WellChild.

Седумгодишниот бигл Миа Меган Маркл и Хари го посвоија оваа година од засолниште во Лос Анџелес. Таа била пронајдена заедно со осум кученца кои брзо биле посвоени, а војводата и војвотката од Сасекс решиле да ѝ дадат дом на мајката.

Милениците им станале неразделни пријатели и на децата на популарниот пар, па принцот откри нешто интересно за нив, особено за ќерката.

–Арчи е многу зафатен деновиве, а Лили учи како да го користи гласот – изјави принцот.

Да потсетиме, Хари и Меган неодамна беа видени во јавност за прв пат откако се вратија во САД, по погребот на кралицата Елизабета Втора. Тие беа снимени на концертот на пејачот Џек Џонсон во амфитеатарот ‘Santa Barbara Bowl’ во Калифорнија како се забавуваат во специјално ограден простор со уште десетина други луѓе.

Слични објави

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Еспресо

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

К.С.

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.
Се вчитува....