15:40 - 3 април, 2026

„Принцезата-воин“ Шарлот дува 7 свеќички: ТРИ НОВИ ФОТОГРАФИИ направени од мама Кејт

Кенсингтонската палата сподели три нови фотографии од принцезата, која полни седум години на 2 мај.

Нешто повеќе од една недела по четвртиот роденден на Луис – синчето на Кејт и Вилијам, вниманието денес е целосно насочено на неговата постара сестра Шарлот, која дува 7 свеќички (2 мај). За таа прилика, палатата Кенсингтон објави три нови фотографии од принцезата.

Фотографиите, направени како и обично од мајката Кејт Мидлтон, го прикажуваат малото девојче во поле со сини цвеќиња, во совршено совпаѓање со светло синиот џемпер потпишан од Ралф Лорен што го носи малата принцеза. На крајот, ништо не е оставено на случајноста на фотографиите направени од војвотката. На снимките се гледа и детската наклонетост кон кучето, Орла, црн кокер шпаниел кој потекнува од малата одгледувачница на Џејмс Мидлтон, брат на Кејт, куче кое војводите од Кембриџ го вдомија по смртта на Лупо, нивното прво куче.

Шарлот Елизабет Дијана среќно се насмевнува пред објективот на мама Кејт, покажувајќи ја неверојатна сличност со нејзиниот татко Вилијам кога бил на иста возраст.

Лоти, како што ја нарекуваат во семејството, е дружељубива и самоуверена, многу повеќе од нејзиниот постар брат, но и мала „шефица“, како што некогаш ја нарекува прабабата – кралицата.

Девојчето има добра интуиција според зборовите на татко ѝ, Вилијам кој додава дека „ако ја прашате вели дека има шеснаесет години“.

Некои членови на кралското семејство пак, ја нарекуваат принцезата-воин.

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....