2.8 C
Скопје
13:53 - 23 декември, 2024

Принцезата Дијана: „Во пресрет на свадбата реков дека не можам да се омажам за Чарлс“

Вчера навршија 27 години од трагичната смрт на принцезата на срцата – принцезата Дијана која животот го загуби во стравична сообраќајна несреќа во Париз, Франција, заедно со нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед и возачот на автомобилот Хенри Пол.

Светот се присетува на нејзиниот живот и се уште таа е непрежалена принцеза, блиска до срцата. Медиумите објавуваат различни откритија поврзани со нејзиниот живот, а едно од нив е во фокусот на вниманието – колку мрачни биле подготовките за венчавката на Дијана Спенсер и колку доцна таа сфатила дека прави грешка со тоа што се омажила за принцот, а сега крал, Чарлс.

Шокантно искрената исповед на принцезата Дијана, снимена за време на повеќечасовен монолог во 1991 година, стана дел од новата книга на Ендрју Мортон „Дијана. Нејзината вистинска приказна“. Благодарение на овие записи, станува јасно дека „бајката“ во која сите веруваа завршила за Дијана многу пред свадбата.

„Булимијата започна една недела откако се веривме (во февруари). Чарлс ми ја стави раката на половината и ми рече: „О, малку буцкаста си овде, а?“ И нешто кликна во мене. И ова суштество, Камила. Бев во целосен очај. Првиот пат кога тоа се случи, мислев дека сум премногу возбудена и тоа беше како ослободување од тензијата“.

Нападите на булимија продолжија и во текот на подготовките за венчавката.

„Кога првпат ме измерија за мојата венчаница, половината ми беше 74 см. А на денот кога се оженив, половината ми беше 23,5 инчи (59 см). Буквално се стопив од февруари до јули“.

„Речиси веднаш по свршувачката, Чарлс полета на кралска турнеја низ Австралија и Нов Зеланд. Ми беше чудно што тој воопшто не се јави за да дознае како ми е. Ниту еден повик за време на неговото долго отсуство. Го оправдав: многу е зафатен. Тогаш се обидував да си објаснувам и да оправдувам многу“.

„По веридбата, новинарите буквално почнаа да ме гонат. Фотографите беа насекаде. Изнајмија стан со прозорци спроти моите прозорци и се обидоа да ме фатат, ме шпионираа. Ова е толку сурово кон една девојка“.

„Морав да ги покријам прозорците со чаршафи и да излезам од задната врата за да избегам од нив. Пријателите со кои живеев ми помогнаа во тоа. Но, не и Чарлс. Тој и неговото семејство не направија ништо за да ме заштитат. Се сеќавам дека еднаш рече: „Сирота Камила Паркер Боулс. Новинарите се насекаде во близина на нејзината куќа“. Прашав: „Колку од нив има?“ Тој одговори: „Не помалку од четири“. „О Боже, четири! А под моите прозорци има 34!“ „Помислив, но не му реков ништо, решив дека мора сама да се справам со ова“.

Непосредно пред свадбата, Дијана се преселила во Бакингемската палата.

„Не можев да поверувам колку им е студено на сите во таа куќа. Мислев дека е едно, но во реалноста нешто друго се случува… Лаги и измами!“

„Првото нешто што ме повреди беше тоа што мојот (иден) сопруг ѝ испрати цвеќе на Камила Паркер Боулс кога таа доби менингитис: „За Гледис од Фред“ (така се нарекуваа меѓусебно).

Никогаш не сум доживеала такви работи и едноставно му реков: „Секогаш мора да бидеш искрен со мене“.

„Бев тука сама (за време на подготовките за венчавката) затоа што Чарлс беше испратен на турнеја низ Австралија и Нов Зеланд, а веројатно се сеќавате на фотографиите на кои плачам во црвено палто додека тој одеше до авионот. Сите мислеа дека плачам поради разделбата од него. Но, тоа не е вистина. Пред да замине, се случи страшна работа.

Разговарав со него во неговата канцеларија кога заѕвони телефонот. Тоа беше Камила. Си помислив: „Дали треба да бидам добра (и да го оставам на мира за да може сам да разговара со неа) или само да седам тука? Па, решив да бидам фина, па ја напуштив канцеларијата. Буквално ми го скрши срцето“.

„Еден ден го слушнав како зборува на телефон од бањата и вели: „Што и да се случи, јас секогаш ќе те сакам“. И кога лежерно му кажав дека ги слушнав неговите зборови на вратата, имавме страшна кавга“.

Некој од неговата канцеларија ми се довери дека мојот (иден) сопруг има нарачано нараквица за неа што сака таа да ја носи. Тоа беше златен синџир со кружен син емајл. А на него се буквите G и F, „Гледис и Фред“.

Отидов во канцеларијата на лицето кое требаше да ја испрати нараквицата и побарав да го видам пакетот.

Тој одговори: „Не треба да го гледате тоа“.

Реков: „Па, токму тоа ќе го направам“.

Ја отворив кутијата и внатре имаше нараквица. Реков: „Знам каде ќе биде испратена“. Бев уништена. Беа само две недели пред нашата венчавка.

Тој одговори: „Па, ќе ѝ ја даде вечерва“.

Бев толку бесна! „Зошто не можеш да бидеш искрен со мене?“- му реков. Но, Чарлс остана мирен како мртов човек.

„Чарлс нашол жртвена овца, невина да ја жртвува. Тој беше опседнат со идејата да се ожени и со тоа да ја смири мајка си„, си помислив.

Свадбата ја направивме во среда. Во понеделникот (27.07.1981) ја имавме нашата последна проба во Сент Пол, и кога сите светла на камерите беа во целосна експлозија, сфатив каков ден ќе биде. Бев апсолутно уништена од многу причини. Ова суштество, Камила, таа ја втурнуваше главата насекаде низ целата свршувачка.

Ја зеде нараквицата во понеделникот попладне (по последната проба). Отидов кај неговото обезбедување, кое сè уште беше во канцеларијата, и прашав: „Џон, каде е принцот Чарлс?“

А тој одговори: „Излезе на ручек“.

Прашав: „Зарем не треба да бидеш со него?

„Ох, ќе го земам подоцна“.

Така, отидов горе да ручам со моите сестри, кои веќе беа таму. И реков: „Не можам да се омажам за него. Не можам да го направам ова. Ова е апсолутно невозможно“. На што тие одговорија:

„Доцна е, Дач (прекар од детството на Дијана), твоите портрети се веќе на сите салфетки за чај, така што е предоцна да се повлечеш“.

 

Слични објави

(Фото) Колку чинеше последниот стајлинг на Пријовиќ од концертот? Го носат најдобро облечените жени во светот

Еспресо

Две години подоцна: Масимо Савиќ и понатаму живее преку својата музика

Еспресо

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо
Се вчитува....