7.8 C
Скопје
22:24 - 31 март, 2026

Примирје на снаите? Меган Маркл ја покани Кејт Мидлтон да биде хероина на нејзиниот подкаст

кејт мидлтон меган маркл

Меган Маркл ја поканила Кејт Мидлтон да учествува во снимањето на нејзиниот подкаст „Archetypes“, пренесува Just Jared.

Кралскиот експерт Нил Шон изјавил дека 41-годишната војвотка од Сасекс ја замолила нејзината 38-годишна снаа да учествува во една од епизодите на нејзината подкаст серија Archetypes.

Шон појасни дека Меган Маркл ја поканила Кејт Мидлтон да гостува како жена -хероина во емисијата, а поканата била усно изречена уште во септември 2022 година, кога таа и Хари отпатувале во Велика Британија на погребот на кралицата Елизабета Втора.

„Додека Меган беше во Виндзор, таа се обрати до принцезата од Велс за да се појави во една од новите епизоди на Archetypes. Всушност, ова има смисла. Меган верува дека таа и Кејт би можеле добро да разговараат за тоа колку е тешко да се одржи рамнотежа помеѓу семејството, работата и личниот живот “, рече Нил Шон.

Сè уште нема официјална потврда за можното појавување на принцезата Мидлтон на подкастот на Меган Маркл.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....