5.8 C
Скопје
23:59 - 24 март, 2026

Причина за смртта на Чарлс Кимброу: Што се случи со глумецот од „Марфи Браун“

Чарлс Кимброу, актер номиниран за Тони и Еми, кој глумеше заедно со колешката Кендис Берген во американската популарна серија „Марфи Браун“, почина на 11 јануари во Калвер Сити, Калифорнија. Тој имаше 86 години. А веста е пренесена дури вчера.

Кимброу го играше новинарот Џим Диал во 10-те сезони на хит ситкомот на CBS „Марфи Браун“ помеѓу 1988 и 1998 година, заработувајќи номинација за Еми во 1990 година за извонреден спореден актер во хумористична серија. Тој ја повтори улогата во три епизоди во рестартирањето на серијата во 2018 година.

Њујорк Тајмс прв ја објави неговата смрт, а неговиот син и агентите го потврдија тоа во неделата за Асошиетед прес.

„Без разлика дали на сцената или пред камерата, тој беше радост да се гледа“, рече SMS Talent, Inc., агенцијата за таленти што го претставуваше Кимброу.

Агенцијата соопшти дека актерот починал од природна смрт во болница.

Сопругата на Кимброу, актерката Бет Хауланд, која ја играше Вера во серијата  „Алис“ од 1970-тите и 80-тите на CBS, почина во 2016 година. Тие се венчаа во 2002 година, повеќе од една деценија по неговиот развод во 1991 година од неговата прва сопруга, Мери Џејн (Вилсон) Кимброу, која почина во 2007 година.

Кимброу зад себе ја остави сестраси, Линда Кимброу, синот Џон Кимброу, поќерката Холи Хауланд и внуката Коди.

Слични објави

„Жена му работи во продавница“ – Што велат соседите за вдовицата на Бора Чорба?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....