7.8 C
Скопје
19:56 - 30 март, 2026

Премиерот на Шри Ланка објави полициски час и вонредна состојба

Премиерот на Шри Ланка Ранил Викрамасинг денес ( среда) објави полициски час во западната провинција (во која се наоѓа Коломбо) и вонредна состојба низ островот. Ова го пренесува информативниот портал Ада Дерана.

Премиерот им наредил и на безбедносните сили да го приведат секој што предизвикува немири.

Од кабинетот на шефот на владата на земјата изјавиле за новинарите дека премиерот, како вршител на должноста шеф на државата по бегството на претседателот Готабаи Рајапакса од островот, има право на такви дејствија. Премиерот, исто така, наредил да се задржат и одземат сите камиони и други возила со кои демонстрантите се движат низ островот.

Претходно, демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на кабинетот на премиерот во Коломбо. Полицијата употребила солзавец и водени топови за да ги растера оние кои се обиделе да ги пробијат барикадите и да влезат во зградата.

Вчера, претседателот Готабаја Рајапакса, придружуван од неговата сопруга, ја напушти островската држава и полета за Малдиви.

Претседателот на Шри Ланка, по неколку обиди за бегство, успеал да избега со сопругата на Малдиви

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....