16:53 - 7 април, 2026

Познато е кој ќе ги преземе обврските на Кејт Мидлтон во кралското семејство: Оваа жена доаѓа во центар на вниманието

Кејт Мидлтон на почетокот на јануари јасно стави до знаење дека нема да зборува за приватните проблеми, особено оние поврзани со нејзиното здравје, кога откри дека оди на операција на абдоменот. Подоцна беше откриено дека има рак. Со месеци се шпекулираше што се случува со принцезата која Британците никако немаа можност да ја видат во јавноста.

спорната фотошопирана фотографија на Кејт долеа масло врз огнот, инстаграм

Поради притисокот од палатата, Кејт излезе од својата комфорна зона и јавно проговори за својата дијагноза. Сите нејзини обврски кон британското кралство се откажани, а се чини дека распоредот и е празен до крајот на годината.

Пред Бакингемската палата многу луѓе ѝ оставаат цвеќиња и пораки за поддршка, па тие снимки многумина ги потсетуваат на трагедијата во 1997 година, денот кога почина принцезата Дијана, мајката на Вилијам и Хари. На социјалните мрежи кружат приказни дека Кејт и Вилијам се во процес на развод, но тоа се уште никој јавно не го објавил. Кејт максимално се посветила на своето здравје, а Вилијам дури се грижел и за децата, како што пишуваат некои од британските медиуми.

“Кога некој има рак, тоа е сериозна работа. Кејт сигурно лошо ја примила таа вест”, пишуваат фанови на принцезата на социјалните мрежи. Кејт ретко излегува во јавност, се труди да избегне стрес и непријатни ситуации кои би можеле да и го забават процесот на заздравување. Целото семејство е со неа и сите се надеваат дека ќе ѝ биде подобро.

Во меѓувреме, протече веста дека на принцезата Беатрис, ќерката на обесчестениот принц Ендрју, наводно ѝ било побарано да ги преземе кралските должности на Кејт Мидлтон додека принцезата од Велс се лекува.

„Беатрис би сакала тоа да стане постојана ситуација. Беатрис се чувствува добро во центарот на вниманието и би била повеќе од среќна да стане работен член на кралското семејство“, изјави извор за магазинот Life and Style.


И претходно, принцезите Беатрис и Евгенија извршуваа повеќе кралски должности. Сега се чини дека Беатрис ќе добие уште повеќе простор за докажување.

(Фото) Јелена Карлеуша во одбрана на Душко Тошиќ: „Би скокнала на десетмина поради него“

 

Слични објави

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо
Се вчитува....