04:53 - 4 април, 2026

Познатиот актер од „Сопранови“ ја изгуби својата ќерка – почина на 25 години, остави тримесечна ќеркичка

Ќерката на Џон Вентимиља, познатиот актер од телевизиската серија „Сопранови“  почина на 25 години.

Трагедијата се случила на 12 јануари, потврди семејството без да ги открие причините за смртта на Одел, јавуваат британските медиуми.

Одел пред само три месеци стана мајка, откако ја роди ќерќичката Шајло.

„Срцето ни е скршено што мораме да ја објавиме оваа тажна вест. Нејзината сестра и јас сме трогнати од пораките со поддршка и љубов кои ни ги пративте, не бевме свесни дека Одел била мила на многумина. Остави голема дупка во нашите животи“, напиша нејзината мајка Белинда Кејп.

За приватниот живот на Одел малку се знае, нејзините профили на социјалните мрежи не биле отворени за јавноста. Пред смртта работела како келнерка во Бруклин, откриваат нејзини пријатели.

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....