10:10 - 10 ноември, 2026

Познати деталите за забраната за влез на Бреговиќ во Молдавија: „Се наоѓа на државната листа поради проруски ставови“

На Бреговиќ минатиот викенд му беше забранет влез во Молдавија, а сега се објавени и деталите.

Според извор близок до владата, кој во понеделникот бил контактиран од новинар на АФП, 73-годишниот музичар „се наоѓа на државната листа од 2022 година поради неговите проруски ставови“. Бреговиќ пристигнал во саботата, но нему и на другите музичари кои го придружуваа не им бил дозволен влез во земјата.

Бреговиќ одржа концерт на Крим во март 2015 година, непосредно откако Русија го анектираше украинскиот полуостров. Украина ја критикуваше неговата одлука во тоа време и ја сфати како знак на поддршка за Москва.

Од почетокот на конфликтот во Украина, Горан Бреговиќ ретко коментира за воената состојба. Во мај, тој за италијанскиот „Кориере дела сера“ изјави дека жали за „сите загинати, војници и цивили, Украинци и Руси“.

„Со жалење ве известуваме дека Горан Бреговиќ и неговиот бенд нема да можат да настапат на фестивалот вечерва поради причини кои се надвор од контрола на организаторите или на уметниците“, објавија во неделата организаторите на Гитар Мјузик Фестивал.

„За жал, не им беше дозволен влез во Република Молдавија, иако веќе слетаа на аеродромот“, стои во пораката на управата на фестивалот објавена на Фејсбук.

Слични објави

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо
Се вчитува....