11.8 C
Скопје
10:52 - 31 март, 2025

Повторно се огласи пранешниот зет на шпанската кралица Летиција кој тврди дека со него го изневерувала сопругот: Еве што зборува сега, а мрежите горат!

Скандалот на шпанскиот двор не стивнува по објавувањето на книгата „Letizia y Yo“ (Летиција и јас), во која се изнесуваат тврдењата на поранешниот зет на кралицата Летиција, Хаиме Дел Бурго, дека со него го изневерувала својот сопруг, Кралот Фелипе VI. Според овој човек, таа романса се случила пред неговата венчавка со сестрата на Летиција, Телма Ортиз, а продолжила и по кралската венчавка во 2004 година. Аферата крена голема бура, па тој повторно се огласи.

Зетот на кралицата во својата прва објава на социјалните мрежи откако пламна скандалот, го напиша следново: „Не менувам ни запирка во своите избришани објави. Ги ценам пораките на оние кои сфатија дека имав свои причини. Не им замерувам на оние кои ми претеа со убиство. Не се чувствувам гордо. Но висината е таква каква што е. Признавам само еден крал на небото и неговото име е Исус од Назарет. Тој ќе ми суди“.

Тој ја објави пораката и на англиски и на шпански. Хаиме Дел Бурго, кој живее во Обединетото Кралство, минатиот викенд објави селфи од кралицата Летиција на мрежата Х, за кое рече дека му го испратила кога била бремена. На таа слика Летиција носи шал, кој наводно ѝ го подарил нејзиниот поранешен зет.

твитер

„Љубов, го носам твојот шал. Како да те чувствувам покрај себе. Грижи се за мене. Штити ме. Ги бројам часовите до повторно гледање. Оди си оттаму. Твоја“, така гласи наводната порака која шпанската кралица му ја испратила на Хаиме.

Хаиме раскажа дека во 2002 година носел веренички прстен во џебот кога отишол на состанок со Летиција во хотелот Ритц во Мадрид, но тогаш таа му рекла дека се вљубила во идниот крал на Шпанија. Според неговите зборови, тој подоцна се спријателил со Фелипе, а кралицата го замолила да им биде сведок на свадбата.

Хаиме дел Бурго кој е татко на две деца се ожени со сестрата на Летиција, Телма Ортиз, во 2012 година. Се разделиле во 2014 година, а официјално се развеле во 2016 година.

Од шпанскиот двор нема коментари на наводите за аферата.

Слични објави

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии, а вие?

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо
Се вчитува....