04:09 - 20 декември, 2025

Повик за работилница во Музејот на современа уметност: Заедништво и свесност преку цртежот

На 6 април (четврток) со почеток во 12 часот, светски познатиот уметник Дан Пержовски и Лиа Пержовска, концептуален уметник ќе одржат работилница во Музејот на современата уметност – Скопје.
Сите заинтерeсирани за цртање, разговарање и споделување можат да се пријават на линк објавен на социјалните мрежи на организаторот – МСУ.

Целта на работилницата е да се создаде заедништво и свесност преку цртежот. Прво на дневен ред ќе биде запознавањето на учесниците. Па наоѓање тема за која сите се согласуваат, па цртање. Темата може да биде една од ургентните глобални ситуации денес, или нешто лично, сепак секојдневно.

Цртежите ќе се поврзат во фанзин кој ќе биде копиран во број на примероци за секој од учесниците.

Јазик на работилницта: Англиски
Ликовен медиум: Цртеж
Времетраење на работилницата : 2h X 2h
Производ на работилницата: Фанзин

Ден Пержовски е светски познат автор кој го користи цртежот преку бројни форми, цртежи на ѕид, цртачки перформанси, активистички цртеж, уметнички книги, проекти изведени во јавен простор, печатење и независно издаваштво. Пержовски има реализарно бројни самостојни изложби во: Moma New York, Tate Modern, Van Abbemuseum Eindhoven, Macro Roma и други.
Лиа Пержовска е истражувач, уредник и концептуален уметник. Таа е основач на неколку платформи и институции како ‘CCA’ – архивата за современа уметност Букурешт или ‘КМ’ – Музејот на знаењето, како и ‘TSK’ – Телскопскиот простор на знаењето. Лиа Пержовска реализирала самостојни изложби во Nasher Museum at Duke University, Ivan Gallery Bucharest, ESPAI Castellon, како и учествувала на групни изложви во Pompidou Center, Tate Modern, Macba Barcelona, Sao Paolo and Sydney Biennial.

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....