19.8 C
Скопје
05:40 - 22 август, 2026

Потресен говор на Северина на настап на Јахорина: „Не станав од кревет четири дена…“

Северина Вучковиќ последните неколку дена минува низ вистинска агонија, откако Врховниот суд на Хрватска одлучи старателството над детето да му го додели на нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ.

Пејачката со денови пишуваше за тоа на социјалните мрежи, но сите го чекаа нејзиното појавување во јавноста. Таа синоќа настапи на Јахорина, а овој настан го придружуваше и медиумска екипа.

Иако минува низ тежок период, пејачката блесна во бел костум, но забележливо било тоа што немала насмевка на лицето.

А пред да запее, прочитала потресен говор за се што ѝ се случува.

– Четири дена не станав од кревет. Потоа станав, морав да се облечам, да се нашминкам, да се средам и да ви се поклонам – почна Севе и доби аплауз од публиката.

-Прво да им се поклонам на сите мали и немоќни жени кои ми дадоа сила… Колку убаво ми рече претседателот на Врховниот суд, мене, на големата и моќната… Што деновиве дури можам да најдам сила да станам од кревет и да го испратам моето дете на училиште и да се обидам лично да ви се заблагодарам на сите вас кои ми пружате неизмерна љубов. Не смеам да бидам нечесна, морам да им се заблагодарам и на сите мажи. Особено на моите колеги од сцената. Моето сандаче на Инстаграм е полно. Многумина од вас ми ги споделуваат своите искуства, има потресни кои ме расплакаа, а има и многу од Босна и Херцеговина кои се жртви на институционално насилство. Знам и еден случај од Херцеговина, мајка на две девојчиња со татко насилник, кој ги силувал и двете – прочитала Северина и додала:

– Велат дека мораме да молчиме и да бидеме покорни кога се децата во прашање. Јас молчев упорно и покорно, другата страна зборуваше, а јас чекав и му верував на хрватскиот правен систем, како што веруваат и жените во Босна во нивниот систем. Молчев додека првпат не ми го зедоа детето. Оттогаш зборувам за неправдите на системот, за организираното киднапирање на деца кога богатите и моќни татковци се во прашања. И нема да застанам, и се надевам дека и вие, сите жени од БИХ нема да застанете – рече Северина.

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо
Се вчитува....