14:22 - 3 април, 2026

„Постои добра причина зошто толку долго се молчи од што починал Метју Пери“: Доктор тврди дека досега ќе била откриена причината, ама дека „има нешто“

Актерот Метју Пери беше погребан во саботата на гробиштата во Лос Анџелес, една недела по неговата ненадејна смрт во неговиот дом. Познатиот актер минатиот викенд беше пронајден мртов во џакузи, а причината за смртта се уште не е позната.

Пред неколку дена беа објавени токсиколошки наоди во кои се наведува дека Метју Пери не конзумирал фентанил или метамфетамин. Исто така, во неговото тело не се пронајдени траги од тие супстанции.

Тогаш извори за странски медиуми објавија дека ќе биде направен уште еден длабински тест за да се покаже дали во моментот на смртта имал други недозволени супстанци во телото. Тие резултати би можеле да потраат уште неколку месеци.

Но, поранешен здравствен истражувач од Њујорк, д-р Мајкл Баден, се огласи и изјави за Фокс њуз дека е чудно што се уште не е позната причината за смртта на популарниот актер.

– Да умреше Метју Пери од срцев удар, тоа веднаш ќе се видеше, веднаш ќе го кажеа тоа – рече тој и додаде дека сигурно „има добра причина зошто се молчи за сето ова“.

Баден истакна и дека е можно актерот, со оглед на тоа што бил пронајден во џакузито, да „умрел од топлотен удар“.

– Секако е сигурно дека починал од природна смрт, особено кога ќе се земе предвид неговата здравствена историја – заклучил докторот.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....