09:08 - 7 април, 2026

Порпаролот на Канје Вест: „Не е точно дека оди на лекување“, „лажни вести шири Кардашијан!“

„ Не е точно дека Вест сака да се одмори од публиката за да се излечи!“, вели портпаролот на раперот. 

Извор близок до Ким Кардашијан во последните денови откри за Page Six дека Канје Вест решил да се одмори од социјалните мрежи и јавноста за да се грижи за своето ментално здравје. Впрочем, во последниот период Инстаграм профилот на 44-годишниот рапер беше сцена на прилично жестоки судири.

Имено, тој се скарал од далечина со поранешната сопруга, со Пит Дејвидсон и со други колеги. Патем, Пит се уште не ги запознал децата на Ким Кардашијан, зашто тоа не го дозволува раперот.

Испадите на Канје доведоа до тоа Инстаграм да го суспендира неговиот профил на дваесет и четири часа и да го откаже неговиот настап на Греми наградите.

Портпаролот на Је, сепак, сакаше да ја демантира Page Six, односно Кардашијан преку соопштение за печатот, зборувајќи дека станува збор за „лага“. Еве што откри Џејсон Ли за Јаху:

„Је секојдневно ги проверува сите наслови што се однесуваат на него и неговото семејство. Повеќето од нив се доставени до медиумите од „извори блиски до Кардашијан“, кои создадоа лажна приказна која не само што е лажна, туку дополнително ја поткопува неговата цел да создаде здрава средина за убавите деца кои ги дели со Ким. Тој се фокусираше на грижата за себе, на тоа да биде присутен и полн со љубов татко, да се покаже како креативен гениј, многу пред да се појават сите лажни наслови што ги видовме неодамна. Ако не слушнете нешто конкретно од неговата уста, ако тоа не го прочитате на неговите социјални мрежи или не го гледате во соопштението за печатот што тој го одобрил, тоа едноставно не е вистина“.

 

 

Слични објави

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо
Се вчитува....